Регион Свадба на годината

Премиерот на Словенија Роберт Голоб се ожени со поранешната мис Тина Габер

Церемонијата, која словенечките медиуми ја нарекоа „свадба на годината“, ја водеше градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Премиерот на Словенија Роберт Голоб се ожени со поранешната мис Тина Габер

Словенечкиот премиер Роберт Голоб и неговата партнерка, поранешната мис Словенија Тина Габер, денеска се венчаа во вилата „Тартини“ во Струњан, на јадранскиот брег меѓу Изола и Пиран.

Церемонијата, која словенечките медиуми ја нарекоа „свадба на годината“, ја водеше градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

На свадбената прослава, покрај семејството и пријателите на младенците, присуствуваа и министри и потпретседатели на словенечката влада – министерот за финансии Клемен Боштјанчиќ и министерот без ресор Матеј Арчон – како и европската комесарка за проширување Марта Кос.

Голоб (58) и Габер (39) во јавноста првпат се појавија како пар во февруари 2023 година, а медиумите потоа пишуваа за нејзиното влијание врз носењето на законот за заштита на животните.

Покрај активностите во областа на заштита на животните, Габер е позната и како инфлуенсерка.

Во Струњан, освен обезбедувањето на премиерот, беа распоредени и дополнителни полициски патроли, а според словенечките медиуми, на свадбата употребата на мобилни телефони била ограничена со цел заштита на приватноста.

Голоб е првиот словенечки премиер кој стапува во брак додека е на функција. Неговиот мандат истекува напролет следната година.

To top