Регион

Прекината конститутивната седница на Собранието на Косово

Претседавачот на седницата Авни Дехари по паузата рече дека е невозможно да се продолжи седницата бидејќи без верификација на мандатот не може да се продолжи со работа.

Прекината конститутивната седница на Собранието на Косово

Собранието на Косово ја прекина конститутивната седница, бидејќи претходно не го усвои извештајот на привремената комисија за верификација на пратеничкиот мандат. За извештајот гласаа 52 пратеници, против беа 46, а воздржани 11 пратеници.

Претседавачот на седницата Авни Дехари по паузата рече дека е невозможно да се продолжи седницата бидејќи без верификација на мандатот не може да се продолжи со работа.

Дехари рече дека ќе стапи во контакт со претседателката на Косово за новонастанатата ситуација за да побара мислење од неа.

Ова е инаку нова ситуација, која не е предвидена ниту со Уставот на Косово, ниту со Деловникот за работа на Собранието.

Претходно Артан Абраши, пратеникот за Самоопределување Артан Абраши изјави дека комисијата ја разгледала документацијата што ја добиле од Централната изборна комисија и дека претставниците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово гласале против.

Членот на комисијата на ДПК, Перпарим Груда, рече дека не гласале за извештајот бидејќи е во спротивност со Уставот, бидејќи, како што наведе, предвидува дека мандатите на пратениците не може да се верификуваат за премиерот или министрите доколку претходно не поднеле оставки.

Во меѓувреме, на пратениците им беше доставен материјал од Владата на Косово со кој се потврдува дека премиерот Курти, а со тоа и сите членови на Владата, поднеле оставка.

To top