Регион

Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список

Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список

Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета.

Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на Народното собрание на Србија во меѓународните парламентарни институции.

To top