Регион имало интервенции на многу локации

Поплави во Косово, Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

Според Курти, централните институции ги поддржале локалните власти во евакуацијата на жителите од загрозените подрачја, а министерот Елберт Красниќи е во постојана комуникација со градоначалниците на погодените општини.

Поплави во Косово, Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, денеска објави дека ситуацијата предизвикана од поплавите во Косово моментално е под контрола и дека надлежните служби се континуирано ангажирани на терен.

„Вчера, во текот на целиот ден, вечер и ноќеска, екипи од агенциите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, беа на терен за да ја следат состојбата влошена од поплавите и да преземат потребни интервенции“, објави Курти на Фејсбук.

Dje, gjatë gjithë ditës, në mbrëmje si dhe gjatë natës, ekipet e agjencive të Ministrisë së Punëve të Brendshme dhe…

Posted by Albin Kurti on Среда, 7 јануари 2026

Според извештајот на Агенцијата за управување со вонредни состојби, поплавите погодија голем број општини, меѓу кои: Косово Поле, Липљан, Обилиќ, Глоговац, Подуево, Штимље, Грачаница, Призрен, Сува Река, Малишево, Ораховац, Мамуша, Драгаш, Пеќ.

Според Курти, централните институции ги поддржале локалните власти во евакуацијата на жителите од загрозените подрачја, а министерот Елберт Красниќи е во постојана комуникација со градоначалниците на погодените општини.

Курти изјави дека во текот на изминатата ноќ имало интервенции на многу локации поради свлечишта и одрони.

Најнови вести од Регион

To top