Првиот трансфериран затвореник водел криминална организација во Лондон, која се занимавала со шверц на кокаин вреден 150 милиони фунти, а судот во Лондон во 2017 година му изрекол казна затвор во траење од 17 години. Во моментов, над 1.500 Албанци издржуваат различни казни во англиските затвори, меѓу кои 17 се осудени со доживотен затвор, поради убиство, јави Топ чанел.
Врз основа на договорот Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога.
Со договорот за трансфер на затвореници меѓу Обединетото кралство и Албанија, потпишан во Лондон, минатата година, од министерот Улси Мања и неговиот британски колега Алекс Чалк, се дава можност доброволно да аплицираат за трансфер. Досега барања поднеле 80 затвореници кои издржуваат казна од над четири години.
Друга клаузула во договорот е таа со која му се дава право на британското Министерство за правда да трансферира затвореници во Албанија, дури и без согласност.