Регион

Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент – Виновни сте, ќе одговарате

Граѓанскиот протест поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад почна нешто по 18 часот во тој град – на самиот почеток со едноминутно молчење за сите загинати, јави Бета.

Тогаш толпата извикуваше „Уапсете ја бандата“, „Банда, банда“ и „Оставка, оставка“.

Пред импровизираната бина беше развиен транспарент на кој пишуваше „Вие сте виновни, ќе одговарате“, а учесниците носеа фотографии од загинатите.

Организаторите бараат сите директно и индиректно одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември кога врз луѓе падна бетонска настрешница, а пред се премиерот Милош Вучевиќ да поднесат оставка.

Студентите уште пред почетокот на протестот, како што јави телевизијата Н1, оставиле црвени отпечатоци пред Кривичниот суд во Нови Сад и поставиле транспарент напишан со црвена боја „На робија, не оставка бандо“, како и „И чевлите и рацете ви се крвави“.

To top