Регион

Отворен е големиот мост над Црн Дрим кај Кукс изграден со 40 милиони евра

Големиот мост „Кукс” е веќе отворен за сообраќај на возила, како едно од најважните инфраструктурни зафати што конечно го ослободува сообраќајот со пристап и до околните населби, објави премиерот Еди Рама.

Мостот е над реката Црн Дрим во округот Кукс во северниот дел на земјата.

Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи сподели и неколку фотографии и видео-запис од овој мост, кој ги поврзува бреговите на реката Дрим со автопатот Тирана- Кукс- граничен премин Морина на албанско-косовската граница, познат како патот на нацијата.

-Мостот претставува импресивно дело, кое конечно ќе го растовари сообраќајот што со години беше отежнат на стариот мост со две ленти. Сега има 4 коловозни ленти, во двата правци на движење со посредни сообраќајници и челични кабли кои се фиксирани од основата до лакот на мостот, напиша Рама.

Неговата изградба започна во 2020 година и чинела околу 40 милиони евра, има широка заоблена метална конструкција со должина од 310 метри и висина од 56 метри.

Според медиумите дизајниран од еден од најпознатите италијански архитекти, Џорџо Рицо, овој мост дава решение за стар спој што ги поврзува двете страни на патот со националниот пат, заменувајќи го постоечкиот стар мост и значително го олеснува сообраќајот во таа област.

To top