Осомничените за убиството во Бањско Поле кај Бор, Ј. С. (50) од село Лука и Д. Д. (50) од село Злот, синоќа биле спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Тие се товарат за кривично дело „тешко убиство во соизвршителство“. Осомничени се дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа се договориле да го фрлат нејзиното тело.
Од обвинителството соопштија дека Д.Д. во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење.
По барање на обвинителството, судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар на осомничените им одреди мерка притвор до 30 дена, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите за кривично дело, како и поради вознемирување на јавноста – се наведува во соопштението.
Во натамошниот тек на постапката ќе бидат сослушани сведоци и ќе се извршат потребните вештачења, додаваат од обвинителството.
Според претходно познатите околности, телото на девојчето е фрлено на депонија. Но, и покрај интензивната потрага, телото се уште не е пронајдено.