Регион

Определен притвор за градоначалникот на Тирана, за неговата сопруга која е надвор од земјата куќен притвор

На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој беше уапсен попладнево, му е изречена безбедносна мерка затворски притвор, додека на неговата сопруга Ајола Ѕоѕа, во отсуство и е одреден куќен притвор.

Ѕоѕа веќе два дена е во странство, поточно во Рим, Италија.

Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни тендери од Општина Тирана. Истрага е почната и против пратеничката К.Б. дела кои го спречуваат дознавањето на вистината, се наведува во соопштението на СПАК.

Со одлука на судот на сите лица опфатени во ова досие привремено им е конфискуван недвижен имот, вили, станови, а на сопругата на Велиај, Ѕоѕа и граѓанска организација преку која и биле префрлувани пари, блокирани се средства од околу 900.000 евра во две банки.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

СПАК против Велиај водеше истраги поврзани со повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.

На 6 декември, по налог на Специјалниот суд беше извршен претрес во домот на Велиај, во неговите службени канцеларии, како и работните простории на неговата сопруга, на која и беше земен и мобилниот телефон.

Велиај на распит во СПАК беше неколкупати, а денеска е уапсен во неговиот кабинет.

To top