Новинарските здруженија, АГШ и БИРН доставија до Уставниот суд барање за поништување на владината одлука за затворање на Платформата ТикТок, со аргумент дека е спротивна на Уставот и Конвенцијата за човекови права, објави А2 телевизија.
-Не можете да одите на целосна цензура и затворање социјални мрежи. Ова ја нарушува слободата на изразување и правото на албанските граѓани.
Уверени сме дека членовите на Уставниот суд нема да го легитимираат бидејќи тоа ќе создаде преседан што може да доведе до затворање на други социјални мрежи или затворање на интернетот од оваа влада или други влади што ќе дојдат потоа, рече Иса Мизирај, претседател на Асоцијацијата на албанските новинари(АГШ).
По трагичната случка во која тинејџер смрттно рани свој врсник поради кавга на ТикТок, во декември премиерот Еди Рама, најави блокирање а во февруари беше донесена одлука Платформата ТикТок во земјата да се затвори од 15 март, но засега таа се уште функционира. в