Регион Грција

Нови правила за туристите, казните се високи

Грчките власти потенцираат дека овие мерки се воведени со цел да се зачува квалитетот на живот, особено во лето кога прозорците се отворени, а надворешните активности се зачестени.

Нови правила за туристите, казните се високи

Од 1 април 2025 година во Грција стапија на сила правилата за т.н. „часови на тишина“, кои важат секое лето и ќе траат до 30 септември. Туристите кои планираат одмор или мини одмор во Грција треба да бидат внимателни – секое непочитување може да доведе до сериозна парична или дури затворска казна.

Во рамки на полициската регулатива 3/1996, за време на „часовите на тишина“ е забранета секаква врева. Целта е да се обезбеди мир на жителите и посетителите, особено во топлите месеци кога луѓето почесто престојуваат на отворено.

Летен распоред (1 април – 30 септември):

Попладневна тишина: од 15:00 до 17:30 часот
Ноќна тишина: од 23:00 до 07:00 часот
Зимен распоред (1 октомври – 1 април):

Попладневна тишина: од 15:30 до 17:30 часот
Ноќна тишина: од 22:00 до 07:30 часот
Што е забрането за време на тивките часови?
За време на овој период, строго се забранети:

Бучни активности и задачи (освен во итни случаи со посебна дозвола од полиција)
Гласна музика, телевизори, викање, пеење и танцување во станови и на приватни места
Улични настапи и музика на јавни места (улици, плоштади, превоз)
Бучни игри и гласни расправии во јавни простори, кафулиња, клубови
Гласни разговори и активности на автобуските постојки или кај паркирани возила
Употреба на сирени и аларми без реална потреба
Туристите посебно треба да внимаваат – ако некој ги пријави за нарушување на јавниот ред, може да добијат казна дури и за бучно однесување во својот апартман или соба.

Нарушувањето на часовите на тишина се третира сериозно според измените во Кривичниот законик и може да резултира со: затворска казна до 5 месеци или висока парична казна.

Грчките власти потенцираат дека овие мерки се воведени со цел да се зачува квалитетот на живот, особено во лето кога прозорците се отворени, а надворешните активности се зачестени. Туристите се повикуваат на одговорно однесување и почитување на правилата.

To top