Регион Пренесен во Ургентниот центар

Нов ужас во Србија: Ученик избоден со нож

Повредениот ученик сега е во стабилна состојба.

Нов ужас во Србија: Ученик избоден со нож

Ученик на возраст од  16 години, утрово беше избоден со нож во Србија. Тој е ученик во техничкото училиште Железник во исоимената белградска населба.

Нападот се случил околу 8 часот утринава при што бил избоден 16-годишен тинејџер, по што бил пренесен во Ургентниот центар.

-Нападот се случи во близина на училиштето, на 100-тина метри, пред почетокот на наставата. Исто така, и повредениот и напаѓачот се ученици на нашето училиште, изјавија за српските медиуми од оваа образовна институција.

Повредениот ученик сега е во стабилна состојба.

Истрагата е во тек и ќе ги утврди сите детали за нападот, како и мотивот.

To top