Регион

Невреме во централна и северна Грција

Силниот дожд, ветерот, а на некои места и град, создадоа проблеми во делови на северна и централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Невреме во централна и северна Грција

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Тесалија во централниот дел на земјата, во периодот од 18 до 22.30 часот вчера, примиле 55 повици за помош, од кои повеќе од половина за паднати дрва во Лариса, Магнисиа, Трикала и Кардица.

Конкретната област лани беше погодена од големи поплави што предизвикаа огромна материјална штета.

To top