Регион

„Не знам дали има раце и нозе, не можев да погледнам“: Болна исповед на мајката на Стефан кој загина во Нови Сад

Родителите на Стефан се вознемирени бидејќи се уште не успеале да го организираат погребот поради документите. На погребното претпријатие во Белград им било кажано да соработуваат со Нови Сад како да се во две различни земји.

„Не знам дали има раце и нозе, не можев да погледнам“: Болна исповед на мајката на Стефан кој загина во Нови Сад

Стефан Хрка (27) е еден од 14-те лица кои загинаа во несреќата кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во потресна исповед, неговата мајка Дијана ги раскажала тешките детали за тоа што се случило на кобниот ден.

– Свесна сум дека никој не може да го врати, но разговарам со него. Постојано разговарам со него – вели Дијана и продолжува да зборува:

– Станувам наутро и му кажувам што треба да направам, што се случило. На мојот Стефи му кажувам се, што се случило, што треба да биде. Од утрово разговаравме неколку пати. Само јас и тој. Мојот Стефи ме слуша, сè разбира, тој е дел од мојата душа.

Со неа е нејзиниот поранешен сопруг Милорад и помладиот брат на Стефан, Немања.

Стефан работел во градежништвото. Поради работата, животот го започнал во друг град, а тоа поглавје, за жал, брзо завршило.

– Не знаеме дали Стефан тој ден ја испраќал девојката до станица или ја чекал – вели Дијана.

– Зборувавме на телефон претходниот ден. Се шегував со него, бидејќи девојката беше нова. Ми се чини дека додека разговаравме, ја видов неговата прекрасна насмевка и сини очи. Го прашав дали е девојка или пријателка. Тој се насмеа и ми рече дека ќе разговараме за тоа друг пат. Последното нешто што му реков беше „Ќе се видиме утре“. Следниот ден не се слушнавме. Штом слушнав за несреќата се вонемирив. Му се јавив, но тој не ми одговори. Подоцна отидов во полиција во Војводина. Сите беа љубезни, но изгледаа вознемирени. Полицаецот го побара телефонскиот број на Немања, ме праша дали дојдов сама. Реков да. Му велам дека одам во Нови Сад и го прашувам дали е тоа што мислам. Кимна со главата и почна да плаче. Дојде брзата помош и ми дадоа апче. Отидов со другарките во Нови Сад – низ солзи раскажува мајката.

– Го идентификував во полиција. Го видов само неговото лице. Го препознав, се разбира. Јас сум неговата мајка. Имаше крв над главата. Тој лежеше на левата страна. Не можев да гледам повеќе, а не можеше ни човекот што ме донесе. Го извадија меѓу првите. Го прашав човекот дали беше во урнатините. Ми рече: „Тој беше во урнатини. Го прашав дали се мачел, тој ги крена рамениците. Не знам дали мојот син има тело, раце, нозе. Знам дека ќе биде во лимен сандак. Свесна сум за се. Насмеана душа, тој беше весел. На сите им помагаше, со сите се дружеше – вели неутешната мајка.

Родителите на Стефан се вознемирени бидејќи се уште не успеале да го организираат погребот поради документите. На погребното претпријатие во Белград им било кажано да соработуваат со Нови Сад како да се во две различни земји.

– Криво ми е што никој од погребалното не ми се јави и не ми рече: „Дојди во понеделник да го земеш телото на твоето дете“. Таткото побарал да го види телото, но тие не му дозволиле. Случајно се сретнавме со јавниот обвинител на кого му реков дека се надевам дека ќе ги казни виновниците. Никој нема да ми го врати детето, но сакам ова да престане за другите деца да не се повредат. Чекам да заѕвони телефонот и да слушам „мајко“. Нема да го погребам во костум. Секогаш носел тренерки и патики. Сигурно ќе му ставам капа. “

To top