Црногорската полиција ја уапси М.Б.(40), поради сомнение дека го претепала сопругот пред малолетното дете, а потоа физички ја нападнала и свекрвата.
Имено, се сомнева дека М.Б., додека била во семејниот дом во Пљевља, по краток вербален конфликт со сопругот, а во присуство на нивното малолетно дете, физички го нападнала сопругот удирајќи го во пределот на главата и телото, по што му нанела повреди. Таа дури почнала фда го гриза и го повредила во пределот на раката.
„М.Б. по овој настан отишла во другиот дел од семејната куќа каде била нејзината свекрва, која исто така физички ја нападнала кажувајќи навредливи зборови. Таа го скршила стаклото на влезната врата од куќата“, се наведува во полициското соопштение.
На повредените им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Пљевља каде им биле констатирани физички повреди.