Регион

Метрото во Солун ќе биде пуштено на 30 ноември

Во однос на изградбата на обиколницата во Солун односно Flyover, Мицотакис истакна дека целта е да се заврши на пролет во 2027 година, односно непосредно пред парламентарните избори.

Метрото во Солун ќе биде пуштено на 30 ноември

Солунското метро ќе биде пуштено во употреба за три месеци, односно на 30 ноември годинава, како што од Солун соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис говореше на презентацијата на Националната стратегија за регионален развој, рече дека Солун се менува и со менува многу брзо темпо, а „ниту една Влада нема реализирано повеќе проекти за Солун од оваа Влада“ и паралелно го најави датумот кога ќе почне со работа метрото.

-По многу свечени отворања, кои во реалноста не беа свечени отворања, по церади, презентации, оспорувања, со задоволство можам да ви соопштам дека солунското метро ќе биде пуштено во употреба, не свечено отворено, туку испорачано за граѓаните на 30 ноември 2024 година. За 95 дена од сега. Што значи дека часовникот одбројува, рече Мицотакис.

Во однос на изградбата на обиколницата во Солун односно Flyover, Мицотакис истакна дека целта е да се заврши на пролет во 2027 година, односно непосредно пред парламентарните избори.

To top