Регион Хаос на автопатот

МАКЕДОНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА – полицијата се фатила за глава од глетката на автопатот Белград-Ниш, па морале да објават и видео!

Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми.

МАКЕДОНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА – полицијата се фатила за глава од глетката на автопатот Белград-Ниш, па морале да објават и видео!

Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција синоќа пресретнаа возач што се движел во спротивна насока кај Гроцка, на автопатот Белград – Ниш.

Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми.

Српското МВР на својот официјален инстаграм-профил сподели видео од запирањето на возачот.

Возилото „фолксваген голф“ го управувал 49-годишен државјанин на Македонија.

To top