Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека за месец мај инфлацијата изнесува 2,2 отсто од 2,1 отсто колку што беше во април, но е речиси двојно пониска од пред една година кога изнесуваше 4,7 отсто.
Според медиумите, споредено со земјите од регонот Албанија и понатаму има најниска стапка на инфлација.
-Храната и понатаму е главната група која води во порастот на инфлацијата, додека групата кирии и вода исто така забележаа раст во текот на мај и станаа втора група со придонес во инфлацијата, а мебелот и апаратите за домаќинство се на трето место, наведува ИНСТАТ.
Статистиката на трошоците за производство покажуваат дека секторот производство на храна има зголемени трошоци, што се рефлектира и во финалните производи. Од друга страна, успешното производство на овошје и зеленчук довело до забавување на нивните цени годинава, по двегодишен период на двоцифрен раст.
Во меѓувреме, деталните податоци покажуваат дека сите нуспроизводи кои ја сочинуваат инфлацијата, како и цените во рестораните, баровите или во естрадата, како и горивото, се намалени споредено со април.
Нивото на инфлација веќе четврт месец по ред е под целта на Централна банката на Албанија, која предвидуваше 3 отсто до крајот на годинава, но според последната оценка на банката „сè уште е рано за намалување на каматните стапки“.