Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на мајката на исчезнатата Данка, Ивана Илиќ откри шокантни и донекаде загрижувачки информации.
Имено, како што дознава ПИНК, многу пораки и податоци за повици се избришани.
-Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци, рекол изворот.
Како што веќе пишуваше порталот Napsh, има одредени нелогичности во однесувањето, пред се на мајката на исчезнатото девојче. Таа не може да биде испрашана на полиграф бидејќи е бремена.