Регион косово

Курти: Косово нема да се испразни по либерализацијата на 1 јануари

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека во Косово има емиграција, но нема празнење на земјата и дека по 1 јануари, кога стапува во сила визната либерализација за косовските граѓани ситуацијата нема да се промени.

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека во Косово има емиграција, но нема празнење на земјата и дека по 1 јануари, кога стапува во сила визната либерализација за косовските граѓани ситуацијата нема да се промени, бидејќи тие што ќе влезат во земјите на ЕУ ќе мора и да се вратат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одговарајќи на критиките на опозицијата дека лошите политики на неговата влада придонесуваат за заминувањето на населението од Косово, Курти на денешната собраниска седница, на која се разгледува предлог-буџетот рече дека, за разлика од 90-тите години, косовските граѓани веќе не одат на запад за политички и економски азил.

– Не мислам дека Косово се празни. Има иселување, но нема празнење на Косово и нема да има ниту по 1 јануари. Знаете дека тие што ќе одат сега без потреба од виза во Шенген зоната мора и да се вратат. Не одат по политички и економски азил како во 90-тите, рече Курти.

Според косовскиот премиер, визната либерализација ѝ помага на бизнис заедницата и студентите.

Граѓаните на Косово од 1 јануари 2024 година ќе можат да патуваат без визи во земјите на Шенген-зоната, освен во Шпанија, која го задржува визниот режим за имателите на косовски пасоши.

To top