Агенцијата Бета од косовското Министерство за надворешни работи дознава дека Курти ќе се обрати на седницата на Советот за безбедност на ОН.
Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, закажана на барање на Белград, ќе се одржи вечерва во Њујорк во 21 часот по средноевропско време, а Србија биде претставена од претседателот Александар Вучиќ.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вчера за РТС изјави дека Хју Тод, министерот за надворешни работи на Гвајана, кој во моментов претседава со Советот за безбедност, го информирал дека седницата се очекува да биде отворена за јавноста.