Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција во врска со убиството на српски полицаец, за кое е осомничен косовски Албанец, изјави дека ги има само информациите што беа објавени во медиумите.
„Изворот на информацијата е Србија, нашите надлежни органи ќе ја информираат јавноста за моменталната состојба“, рече Курти одговарајќи на новинарско прашање во врска со информацијата дека пасошот на осомничениот за нападот врз полицајците е издаден во Косово и пронајден на местото на убиството“, јавија косовските медиуми.
Курти посочи дека „оваа работа не треба да се политизира“, туку треба да се третира од безбедносен, правен и професионален аспект.
Тој изјави и дека косовските безбедносни власти собираат информации за случајот.