Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска во Белград ќе разговара со премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и со претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.
Кулеба и сопругата на претседателот на Украина, Олена Зеленска, од вчера се во посета на Србија, што е прва посета на украински претставници на Белград од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.
Зеленска вчера ги посети белградската градска библиотека и Калемегдан во друштво на сопругата на претседателот на Србија, Тамара Вучиќ.
Во српската делегација беше и министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ. (МИА)