Маќедонци го потпиша договорот со неговиот турски колега Јашар Ѓулер, по пристигнувањето во Турција каде предводи делегацијата на Министерство за одбрана и Косовските безбедносни сили (КБС).
„Размена на воен персонал, образование, заедничка обука, инвестиции во одбранбената индустрија, како и здравствениот третман на припадниците на КСБ во Турција се дел од прашањата за кои разговаравме, а со потпишаниот договор го отвораме патот за процесот на нивна реализација“, објави Маќедонци на Фејсбук и додаде дека средбата е одржана на покана на турскиот министер за одбрана.
Тој додаде дека Косово и Турција веќе имаат многу блиска соработка во безбедносниот сектор.
„Покрај културната поврзаност меѓу нашите две земји, веќе постои блиска соработка од воен аспект, со цел заеднички да придонесеме за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко“, напиша Маќедонци на Фејсбук.