Регион „Пулсот на јавноста“

Истражување: Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово?

Анкетата покажува дека граѓаните на Косово се генерално задоволни од работата на претседателката Вјоса Османи (56,2 отсто) во споредба со другите високи функционери на Косово.

Истражување: Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово?

Според истражувањето „Пулсот на јавноста“ објавено денеска од Програмата на ОН за развој (УНДП), најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово се сиромаштијата (28,6 отсто), невработеноста (19,2 отсто) и високите цени на основните артикли (8,9 отсто).

Потоа следат здравствените услуги (осум отсто) и проблемите на урбаниот простор (3,8 проценти).

Податоците поделени по етничка припадност покажуваат дека сиромаштијата е рангирана како главен проблем на косовските Албанци (28,6 отсто), но и на другите заедници во Косово (29,5 отсто), додека како главен проблем на косовските Срби (19,5 отсто) се наведени проблемите со урбаниот простор.

Додека невработеноста беше второ најважно прашање за 20,2 отсто од косовските Албанци и 13,8 отсто од косовските Срби, цената на електричната енергија беше на второ место за 14,5 отсто од неалбанските заедници на Косово.

Извештајот покажува намалување на чувството на сигурност кај испитаниците, при што тоа го кажале 79,73 отсто од испитаниците.

Податоците поделени по пол покажуваат дека малку повеќе мажи (80 проценти) отколку жени (78,9 проценти) рекле дека се чувствуваат безбедно кога се на отворено.

Во исто време, само 37,6 отсто од косовските Срби изјавиле дека се чувствуваат безбедно, од кои 6,2 отсто изјавиле дека се чувствуваат многу безбедни, додека 31,4 отсто изјавиле дека се донекаде безбедни.

Кај Албанците 80,8 отсто се изјасниле дека се чувствуваат безбедно, од кои 25,1 отсто се чувствуваат многу безбедно, а 55,7 отсто се чувствуваат донекаде безбедно.

Што се однесува до другите заедници, освен Албанците и Србите, 80 отсто од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат безбедно, од кои 12,5 отсто се чувствуваат многу безбедно, а 67,5 отсто се чувствуваат донекаде безбедно.

Анкетата покажува дека граѓаните на Косово се генерално задоволни од работата на претседателката Вјоса Османи (56,2 отсто) во споредба со другите високи функционери на Косово.

Податоците покажуваат дека во просек 42,44 отсто од испитаниците се задоволни од работата на централните институции на Косово, 41,8 отсто изразиле задоволство од работата на Владата, а 48,9 отсто од испитаниците се задоволни од работата на премиерот. (МИА)

To top