Годишната инфлација во Грција, во декември 2023 година се зголемила на 3,5 отсто, наспроти 3 проценти еден месец претходно, а цените на прехранбените производи, за една година се за 8,9 отсто поскапи, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоците од грчката служба за статистика, од декември 2022 до декември 2023 година, најголемо зголемување, од 58,5 отсто бележи маслото, а најголемо намалување има на цената на природниот гас, за 52,9 отсто.
Кај прехранбените производи, освен кај маслото, големо зголемување има кај цените на овошјето (за 15 проценти) и кај зеленчукот (за 14 отсто), месото во споредба со лани е за 6,5 проценти поскапо, млечните производи и јајцата за 3,8 отсто, лебот и житните производи за 2,6 проценти итн.
Минатата година, инфлацијата во Грција се движеше меѓу 1,6 и 7 отсто, најниска беше во септември, а највисока во јануари.
По намалувањето на 1,6 проценти во септември, во октомври се зголеми на 3,4 проценти, во ноември изнесуваше 3 отсто, а во последниот месец од годината повторно се зголеми на 3,5 проценти. (МИА)