Регион Албанија

„Има уште работа“: Еди Рама планира да се кандидира за четврти мандат

„Албанија не беше ниту на мапата, а земјата беше споменувана во лош контекст. Ја надминавме бројката од 10 милиони туристи во земја во која туризмот беше идеја и сон, но не и реалност“, потенцира Рама.

„Има уште работа“: Еди Рама планира да се кандидира за четврти мандат

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека планира да се кандидира за четврти мандат, бидејќи има уште работа, иако во претходните мандати се направени големи работи, пренесуваат албанските медиуми.

-Планот е да се кандидирам за функцијата, но дотогаш има време. Верувам дека морам да се кандидирам, бидејќи има уште работа, изјави Рама за телевизијата А2.

„Албанија не беше ниту на мапата, а земјата беше споменувана во лош контекст. Ја надминавме бројката од 10 милиони туристи во земја во која туризмот беше идеја и сон, но не и реалност“, потенцира Рама.

-Тука е и борбата против корупцијата, која мора да стане неповратна, а со цел да се вее нашето знаме во Брисел во текот на оваа деценија, вреди да се кандидирам за уште еден мандат. Тогаш ќе одлучат граѓаните, рече Рама. (МИА)

To top