Регион трагедија

Идентификувани сите убиени во Цетиње: Најмладите жртви се браќата Јован и Вукан

Ацо Мартиновиќ се самоуби кога беше опколен од полицијата. Мартиновиќ уби три жени, седум мажи и две деца во својот крвав поход.

Идентификувани сите убиени во Цетиње: Најмладите жртви се браќата Јован и Вукан

Браќата Јован (14) и Вукан (9) Вулетиќ се најмладите жртви на масовното злосторство што вчера во Цетиње го изврши Ацо Мартиновиќ кога уби 12 лица.

Ацо Мартиновиќ се самоуби кога беше опколен од полицијата. Мартиновиќ уби три жени, седум мажи и две деца во својот крвав поход.

Во страшно злосторство Мартиновиќ во Цетиње ги уби и чичкото на момчињата Мирко Вулетиќ (45), Драгана Драшковиќ (53), Бранислав Мудреша (60), Радивој Марковиќ (70) и Јошо Оташевиќ (55).

Мартиновиќ ја убил и својата сестра Зорица Вулетиќ, како и Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ.

Обвинителката Андријана Настиќ доцна синоќа соопшти дека убиствата се извршени на пет локации и дека сторителот на овие кривични дела се самоубил на шеста.

-На секоја локација беше спроведена истрага и подигнати се докази кои ќе бидат земени предвид. Сторителот на убиствата се самоуби и ова е шеста локација на која се спроведува истрага. Во тек се обвинителски и полициски дејствија кои ќе развијте ги околностите под кои се случи овој настан, рече Настиќ.

Како што нагласи таа, на првата локација во кафаната биле убиени четворица мажи, на втората исто така четворица, а на третата две деца. На четвртата едно лице е убиено, а на петтата едно лице. Самоубиството било извршено на шеста локација.

Локациите, како што рече, се далеку една од друга, но не може прецизно да каже колку.

Во овој трагичен настан повредени се четири лица кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар.

To top