Излезните анкети за Хрватската радио и телевизија ги спроведе агенцијата Ипсос на примерок од нешто повеќе од 20.000 испитаници во сите 10 изборни единици, односно 2.000 испитаници во секоја изборна единица. Анкетата е спроведена на 400 избирачки места, по 40 во секоја изборна единица во општините и градовите.
Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои се гласаше до 19 часот.