Регион одземање, па рециклирање

ФОТО: Нема веќе чување место, туристи останаа без пешкири и лични лежалки на Халкидики

Отстраните беа предмети, кои најчесто туристите ги оставаат на плажите во текот на ноќта за да имаат обезбеден простор за следниот ден.

ФОТО: Нема веќе чување место, туристи останаа без пешкири и лични лежалки на Халкидики

Незаконски поставените чадори за сонце, лежалки, пешкири и други слични предмети на јавен простор, на плажите во Полихроно и Калитеа биле отстранети, одземени и однесени на рециклирање, во рамките на контролите што ги спроведува општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општина Касандра објавија фотографии и соопштија дека акцијата беше во рамките на интензивираните контроли за заштита на јавниот карактер на плажите, спроведена со помош на полицијата и без претходно предупредување, како што е предвидено со закон.

Општина Касандра

Отстраните беа предмети, кои најчесто туристите ги оставаат на плажите во текот на ноќта за да имаат обезбеден простор за следниот ден.

Сите предмети, столици, лежалки, чадори за сонце, пешкири, душеци за вода, се конфискуваат, не им се враќаат на сопствениците и се носат во единицата за рециклирање.

Контролите ќе продолжат и ќе се прошират низ целиот прв крак, а од општината порачаа дека „плажите им припаѓа на сите“ и повикаа да се почитува јавниот простор.

Општина Касандра

Вакви контроли и операции имаше и во изминатите години, а од општина Касандра во средата преку соопштение и преку објава на социјалните мрежи на три јазици: англиски, германски и српски, најавија интензивирање на контролите за отстранување на предмети што нелегално го зафаќаат јавниот и слободен простор на плажите.

To top