Регион

Фидан и Рубио: Стабилноста на БиХ е важна за Балканот

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан на вчерашната средба со американскиот државен секретар Марко Рубио во Вашингтон ја истакнаа важноста на стабилноста на Босна и Херцеговина за Балканот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Состанокот во Стејт департментот вклучуваше дискусија и за регионалната безбедност и соработка, со посебен фокус на случувањата на Балканот, се наведува во соопштението.

Фидан и Рубио разговараа и за Сирија, при што ја потенцираа важноста за соработка со сириската Влада, ја изразија својата одлучност да ја стабилизираат земјата и да се борат против тероризмот.

Тие разговараа и за други регионални и билатерални прашања, вклучително и за потребата за прекин на огнот во Појасот Газа и помеѓу Русија и Украина.

Фидан и Рубио разговараа и за претстојната посета на ниво на шефови на држава.

Двете страни јасно изразија политичка волја за отстранување на препреките за соработка во одбранбениот сектор. Ќе се одржат технички состаноци за да се решат постоечките прашања, се наведува во соопштението од турското МНР.

To top