Европската унија е подготвена да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина кога ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство, според нацрт-договорот за кој утре ќе разговараат дипломатските претставници на 27-те земји-членки на ЕУ.
Неименуваните официјални лица велат дека овој прв нацрт, кој е подготвен за дискусија, е подложен на промени.
-Европскиот совет ќе ги отвори и пристапните преговори со Украина и Молдавија, се наведува во нацрт-договорот.