Непознати разбојници разнеле банкомат во петокот вечерта во загрепски Бузин. Полицијата го блокирала патот, а се уште не се знае колку пари успеале да однесат.
„Утринава поминував покрај бензинската пумпа и видов дежурна полиција во близина на банкоматот. Некој го разнесе во текот на ноќта“, изјавил за 24сата.хр жител на Загреб.
Имено, станува збор за кражба со експлозив.
Полицијата веднаш излегла на терен со четири возила. Форензичарите собираат докази.