Регион

Детали за масакрот во Дарувар: Убиецот ја усмртил мајка си и уште четири лица

Детали за масакрот во Дарувар: Убиецот ја усмртил мајка си и уште четири лица

Во Дарувар, хрватски воен ветеран уби пет лица во дом за стари лица, меѓу кои и неговата мајка.

Ова неофицијално го дознава Јутарњи лист, кој наведува дека убиецот, роден 1973 година, со пиштол упаднал во домот, ги убил мајка си, жители на домот и вработени.

Застрелани се вкупно осум лица – пет се мртви, еден е во критична состојба, а двајца се надвор од животна опасност.

Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето „Даруварац“.

To top