Регион Маѓу загинатите и Македонецот Васко Саздовски

Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад- МНР во контакт со српските власти

Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.

Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад- МНР во контакт со српските власти

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски, роден 1979 година.

Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.

Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот. Според законот, Ден на жалост се прогласува по особено тешка несреќа што резултира со смрт, повреди или сериозно оштетување на здравјето на повеќе лица, или по смрт на висок државен функционер, пренесува Данас.

Ден на жалост може да се прогласи и по смрт на личност која има големи заслуги за земјата, како и поради некој трагичен настан, доколку Владата така процени.

Од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, македонската амбасада во Белград доцна синоќа беше информирана дека на 1 ноември, во Нови Сад, при пад на настрешница, животот го загубил В.С., роден 1979 година, државјанин на Македонија.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку македонската амбасада во Белград, останува во директна и редовна комуникација со српските власти во врска со конкретниот случај и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана, велат од МНР.

To top