Регион

Црна Гора светски лидер по бројот на милионери доселени од други земји

Во светот на најбогатите се случува историска промена – оваа година околу 142 илјади милионери планираат да се преселат, напуштајќи луксузни станови во Лондон или имоти во Франција.

Црна Гора светски лидер по бројот на милионери доселени од други земји

Во светот на најбогатите се случува историска промена – оваа година околу 142 илјади милионери планираат да се преселат, напуштајќи луксузни станови во Лондон или имоти во Франција.

Швајцарија, Соединетите Американски Држави и Обединетите Арапски Емирати и понатаму привлекуваат дел од богатите, но Црна Гора е најбрзо растечки светски центар за милионери.

Според податоците на швајцарската компанија Henley & Partners, бројот на милионери кои се преселиле во Црна Гора лани пораснал за дури 124 проценти.

Во моментов, во оваа држава живеат околу 2.800 милионери, што е значително помалку во споредба со други земји. Сепак, Црна Гора привлекува богати личности преку програмата „инвестиции за државјанство“, позната и како „златен пасош“. Дополнително, според Доминик Волек од Henley & Partners, земјата станува се поатрактивна поради својата близина до Западна Европа и фискалната флексибилност.

-Ниските црногорски даноци, со фиксна стапка на данок на доход и без данок на наследство или подароци, ја прават особено привлечна за зачувување на богатството. Во комбинација со јадранската крајбрежна зона, понудата на луксузни недвижности и привлечниот медитерански начин на живот, Црна Гора станува избор на инвеститорите, изјави Волек.

Покрај Црна Гора, зголемен број на богати доселеници имаше и во Малта, Полска, Кина, Костарика, Индија и Латвија. Од друга страна, најмногу милионери се иселиле од Велика Британија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Русија, Бразил, Франција, Шпанија и Германија.

To top