Регион одлуката е конечна

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на криптовалутите

Апелациониот суд на Црна Гора ја потврди одлуката на Високиот суд врз основа на која бегалецот „крал на крипто валута“ До Квон ќе биде екстрадиран во Јужна Кореја.

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на криптовалутите

Оваа одлука е конечна. Сепак, не е познато кога До Квон ќе биде екстрадиран.

Неговиот адвокат Горан Родиќ за агенцијата Бета изјави дека министерствата за правда на Црна Гора и Јужна Кореја донесуваат одлука за времето и местото на екстрадиција.

Тој рече дека оваа постапка во пракса е секогаш тајна и оти јавноста треба да биде информирана откако ќе се изврши.

До Квон беше уапсен на крајот на март 2023 година на аеродромот во Подгорица по потерница од Јужна Кореја.

Тој на 16 јуни е осуден поради фалсификуван пасош со кој имал намера да отпатува за Дубаи со приватен лет од Подгорица. За тој чин јужнокорејскиот „крал на крипто валутата“ издржува четиримесечна затворска казна во затвор во близина на Подгорица.

За фалсификување документи е осуден и неговиот соработник Хон Чанг Јун, кој беше уапсен заедно со него во Подгорица на 5 февруари и екстрадиран во Јужна Кореја.

До Квон беше во центарот на аферата пред парламентарните избори во Црна Гора минатата година кога тогашниот премиер Дритан Абазовиќ тврдеше дека со него е поврзан актуелниот премиер и лидер на движењето „Европа сега“ Милојко Спајиќ, кој тоа го негираше.

Специјалното обвинителство соопшти дека отворило предмет за ова прашање, но оттогаш не се изјасни за случајот.

To top