Регион во потрагата учествуваат војска, полиција, кучиња трагачи, граѓани...

Цела Србија се уште трага по 2 годишната Данка

„Јавете се на 192. Следете ги вестите. Исчезна дете во Бор“, стои во пораката прикажана на автопатите.

Цела Србија се уште трага по 2 годишната Данка

Трае потрагата по двегодишнотот девојче кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, недалеку од Бор во Србија.

Данка во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна.

Мајката раскажала како Данка исчезнала додека одела да му даде вода на постарото дете. Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше, раскажала преплашената мајка за „Телеграф“.

Веста за исчезнувањето брзо се прошири на социјалните мрежи. Во потрагата учествуваат војска, полиција, кучиња трагачи, граѓани. Системот за алармирање наречен „Најди ме“ беше активиран за прв пат во Србија. Информацијата за исчезнатото девојче е испратена преку СМС до сите граѓани на Србија.

На приодот кон Бањско Поље се поставени пунктови на кои полицијата врши преглед на возила, јавува Танјуг. Проверени се сите напуштени објекти на тоа место, а сослушани се и сите лица кои претходно имале проблеми со законот.

Претседателот на српскиот центар за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, за Танјуг изјави дека „една минута е многу важна“ во случајот со исчезнатите деца.

„Важно е луѓето кои ја примиле пораката, особено оние кои се во околината на Бор, да се активираат и да ги споделат сите информации со полицијата. Затоа што секоја информација е важна сега и може да биде спасоносна. Затоа не двоумете се, дури и ако не сте целосно сигурни, подобро е да го споделите со полицијата“, рече Јуриќ.

„Јавете се на 192. Следете ги вестите. Исчезна дете во Бор“, стои во пораката прикажана на автопатите.

Околу еден час по полноќ почна да врне силен дожд во околината што ја отежна потрагата. Температурите се ниски. Пред куќата на исчезнатото девојче синоќа се собраа голем број луѓе, а местото на настанот го чуваше полициски кордон.

„Околу куќата на Илиќ има неколку дупки. Овде има неколку дупки длабоки меѓу еден и два метра. Овие дупки се наполнија со подземна вода. Моментално проверуваат со стапови дали можеби девојчето паднало во некоја од нив. Засега нема ништо пронајдено во нив“, изјави синоќа еден од соседите, пренесува медиумот.

Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ изјави дека во текот на првиот ден во потрагата учествувале повеќе од 350 лица. „Тоа е приградска населба која има и многу тежок терен. Има шуми и потоци. На самиот крај од тоа место се случи исчезнувањето на нашиот мал сограѓанин“, изјави Миликиќ.

„Речиси повеќе од осум квадратни километри се пребарани со термални камери. Пристигнуваат два дрона од приватни компании кои имаат термални камери“, најави тој. Тој им се заблагодари на сите граѓани кои дојдоа да помогнат, но и апелираше да не се прават големи гужви за да не се мешаат во работата на полицијата.

To top