Регион

Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Киров: И благодариме на Албанија што создаде услови Бугарите слободно да се изјаснат

Бугарскиот амбасадор во Тирана, Ивајло Киров, искажа задоволство од пописните резултати според кои во Албанија живеат 7057 лица со бугарска националност, јави Ора њуз.

Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Киров: И благодариме на Албанија што создаде услови Бугарите  слободно да се изјаснат

Бугарскиот амбасадор во Тирана, Ивајло Киров, искажа задоволство од пописните резултати според кои во Албанија живеат 7057 лица со бугарска националност, јави Ора њуз.

Амбасадорот Ивајло Киров при денешната посета на северниот албански град Кукс, каде учествувал во активност за бесплатни здравствени прегледи на жителите на овој град од страна на бугарски лекари изразил “благодарност за сработеното, но и за почитувањето на правата на малцинството”.

Додал дека со ” овој процес се создале хармонични услови за жителите со бугарско потекло слободно да ја изразат својата етничка припадност”.

За резултатите од пописот, сакам да и се заблагодарам на албанската влада која создаде хармонични услови за спроведување на овој процес каде што луѓето беа слободни да одлучуваат сами. Доколку албанската влада не ги создадеше овие услови жителите на бугарската заедница слободно да ја изразат својата определба, немаше да ги имаме бројките што ги имаме денес. И тука има жители од бугарското малцинство, и нагласуваме дека бугарското малцинство овде се чувствува како дома. Искрено сме многу изненадени од резултатите. Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија и за Балканот, изјавил Киров.

Оценил дека “ова е една од причините зошто албанската држава преговара со ЕУ”.

-Многу е важно албанската држава да го прикаже бројот на населението, бројот на станови бидејќи врз основа на овие податоци ќе биде распределбата на албанските претставници во ЕУ и приходите што Албанија може да ги апсорбира од фондовите на ЕУ. Морам да нагласам дека пописот во Албанија е надгледуван од претставници на ЕУ и други заинтересирани земји, посочил бугарскиот дипломат.

To top