Регион Албанија

Бегај упати апел до жителите на поплавените подрачја да ги следат упатствата на надлежните одговорни за евакуација

Посебно ги повикувам жителите во поплавените подрачја да ги следат упатствата на одговорните структури за брза и безбедна евакуација. Во овие тешки моменти, животот на секој граѓанин е пред сè, напиша во објавата.

Бегај упати апел до жителите на поплавените подрачја да ги следат упатствата на надлежните одговорни за евакуација

Албанскиот претседателот Бајрам Бегај упати апел до жителите на поплавените подрачја да ги следат упатствата на надлежните одговорни за евакуација, откако состојбата почна да се влошува.

Тој посочи дека со загриженост ја следи ситуацијата создадена од интензивните врнежи од дожд во земјата, и оти е во постојана комуникација со раководителите на централните и локалните институции, со структурите за цивилни вонредни состојби и со вооружените сили, за справување со ситуацијата со поплавите.

Шефот на државата ги повикува граѓаните да соработуваат со структурите за оваа ситуација да помине со што е можно помалку последици.

„Посебно ги повикувам жителите во поплавените подрачја да ги следат упатствата на одговорните структури за брза и безбедна евакуација. Во овие тешки моменти, животот на секој граѓанин е пред сè“, напиша во објавата.

Поради влошената состојба, апел до сите американски граѓани во оваа земја упати Амбасадата на САД во Тирана, да бидат внимателни во областите каде што постои ризик од поплавите.

Во соопштението се додава дека Амбасадата продолжува да ја следи состојбата со поплавите.

Po ndjek me shqetësim situatën e krijuar nga reshjet intensive në vend. Jam në komunikim të vazhdueshëm me drejtuesit e…

Posted by Bajram Begaj on Четврток, 8 јануари 2026

Најнови вести од Регион

To top