Регион Нови Сад

Балканот плаче: Убавата и млада спортистка е 15-та жртва во трагедијата во Србија

Храбро се бореше за живот 17 дена, но и покрај младата возраст и напорите на лекарите не успеа.

Балканот плаче: Убавата и млада спортистка е 15-та жртва во трагедијата во Србија

Младата атлетичарка Ања Радоњиќ (24) од Параќин, за жал, им подлегна на повредите по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад, кога врз неа и врз уште 16 лица падна бетонска настрешница тешка неколку тони.

-Повредите на Ања беа исклучително тешки, лекарите направија се за да ја одржат во живот, но за жал, таа не издржа,  вели изворот за тешката вест која штотуку го расплака цел Балкан.

Ања е 15-та жртва на новосадската трагедија. Храбро се бореше за живот 17 дена, но и покрај младата возраст и напорите на лекарите не успеа.

 

To top