Со измените и дополнувањата кои се подготвуваат во Кривичниот законик, меѓу другото се предвидуваат законски решенија со кои се регулира сурогат мајчинството. Овој концепт првпат ќе биде вклучен во албанското законодавство, бидејќи не беше предвиден до сега, јавија медиумите.
-Доколку се одобрат измените на Кодексот, ќе може возрасна жена (сурогат мајка) за финансиски средства или други бенефиции, да даде согласност и по своја слободна волја, да се обврзе да носи во своето тело и да роди дете генетски поврзано или не со мајката нарачувач или корисникот, во полза на лице или брачна двојка/лица кои ќе бидат идни родители на детето по раѓањето и ќе вршат родителски права и овластувања над него, додаваат медиумите.
Со парична казна или со затвор од шест месеци до три години ќе се казнува оплодувањето или раѓањето во несоодветни/нелиценцирани средини за извршување на такви постапки.
Друга измена е внесувањето во кривичниот законик на членот со кој се казнуваат лицата кои поттикнуваат малолетници, со ненаполнети 14 години, да консумираат алкохолни пијалаци или продаваат во близина на училштен простор.