Регион за три месеци

Албанија: Над 68.000 туристи добиле здравствена услуга во летните амбуланти

Албанија: Над 68.000 туристи добиле здравствена услуга во летните амбуланти

Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Албана Кочиу, објави дека во 36-те летни здравствени амбуланти, за три месеци услуга добиле повеќе од 68.000 туристи.

Од 1 јуни до 31 август, 36-те летни здравствени амбуланти, функционираа од север до југ и гарантираа медицинска услуга 24/7 за сите туристи, локални жители и странци. Од медицинските екипи кои ги сочинуваат 223 лекари и медицински сестри услуга добиле 68.108 туристи, од нив 30 отсто странски, објави Кочиу, додавајќи оти „благодарение на посветеноста на медицинскиот персонал, туристите уживаа во мирна и заштитена сезона“.

– Најголемиот проток на туристи кои добија услуга беше во здравствените амбуланти во Голем, Поградец, Драч, Мали и Робит, Ѓири и Лалзит. Додека најчестите дијагнози беа гастроентеритис, каснувања и алергии, разни вируси и артериска хипертензија, посочи Кочиу.

Амбулантите, долж крајбрежјето и планинските туристички области, почнаа да функционираат на 1 јуни и ќе останат отворени до 30 овој месец. Покрај амбулантите, Националниот ургентен центар стави на располагање 20 фиксни станици за брза помош за туристите во најфреквентните туристички области.

Најнови вести од Регион

To top