Парламентот на Албанија со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за укинување на игрите на среќа од 2019 година.
Албанија ја поништи одлуката на Законот од 2019 година со кој се укинаа и затворија сите обложувалници на територијата на оваа држава. Парламентот на Албанија со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за приредување игри на среќа од 2019 година. Одлуката е донесена на предлог на Европската комисија со цел сузбивање на црниот пазар, подигање на нивото на буџетските приходи и обезбедување на транспарентност во оваа економска активност.
Причината за враќање на игрите на среќа е порастот на црниот пазар и приредувањето на нелегални игри од кои државата нема профит.