Една од највлијателните активистки на СДСМ во Велес Маријана Талевска Деловска јавно се откажа од СДСМ и најави дека веќе нема да носи гласови за партијата откако нејзиниот сограѓанин, пратеникот Ненад Коциќ не е на листата за пратеници, пишува порталот Експрес.мк.
Талевска Деловска на раководството на СДСМ им порачува дека ги плука и им вели дека намерно ја даваат власта на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Зошто бре НЕНАД КОЦИЌ не го продолживте имаше заслуги човекот и плус ќе допринесеше повеке за НАРОД!!!!! Зошто ваква глупост НАПРАВИВТЕ!!!! Покрај ваква неправда немам појќе волја да ви носам реални и гласови на ФБ, вашиот реален ЕДИНСТВЕН АКТИВИСТ кој осум години на Фејсбук гласови реални ви носи а сите се на фб, сите читаат!!!! ПУ бе ВЕ ПЛУКАМ!!!! Вие намерно им ја давате власта на вмровците изгледа!!!! ПУ!!!! Требаше да го оставите КОЦИЌ има појќе заслуги од тамошните пратеници, сите продолжија КОЦИЌ го сменаја тој највеќе што се залагаше за НАРОД!!! Е Сега и јас немам волја да пишам!!! Па само Коциќ им се спротиставуваше на Вмровците во Велес!!! СРАМ да ВИ е!!! А ако изгубите со невиден пораз ДИМИТАР Ковачевски оставка да си дајш, сега Мартин Костовски, Даниела ги продолжуваат, КОЦИЌ го бркаат!!!”, пишува очигледно вознемирената активистка на СДСМ која веќе нема да работи за партијата.
Извор: Експрес.мк