Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација. На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство.
Во знак на благодарност за поддршката, селекторот Лазаров на премиерот Мицкоски му подари персонализиран дрес.
Македонија на Мундијалот во групната фаза ќе игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.