Ракометното Европско првенство стартува в среда, а среќата посака Македонија да игра против еден од најголемите фаворити уште на отворањето на турнирот. Токму со тој натпревар ќе се испише историја, бидејќи првпат ќе се одигра дуел од континентален собир на фудбалски стадион, прилагоден за ракометни настани.
Во пресрет на стартот на турнирот, специлизираниот ракометен портал „Handball-Planet.com“ ги одреди фаворитите, но и ги рангира сите учесници. На популарниот „Power ranking“, Македонија котира на третото место кога се гледа од долу, само пред Грција и Грузија. Интересно е дека над нас се сместени Фарските Острови, Босна и Херцеговина, Австрија…
Прв фаворит за освојување на трофејот е селекцијата на Данска, пред Франција, бранителот на тронот Шведска и домаќинот Германија. По нив во ТОП 10 следат уште Шпанија, Норвешка, Исланд, Словенија, Хрватска и Португалија.
Македонија дефинитивно немаше среќа со ждрепката, па освен Франција која е рангирана на второто и Германија на четвртото место, ќе се судри уште и со Швајцарија која е петнаесетта.