Вести Украина-Грција

Поголема заштита за Украинците и зајакнување на воздушната одбрана во фокусот на телефонскиот разговор Зеленски – Мицотакис

Ги координираме нашите чекори и бараме можности да обезбедиме поголема заштита за Украинците. Разговаравме за зајакнување на капацитетите на нашата воздушна одбрана, информираше преку Икс украинскиот претседател Володимир Зеленски за телефонскиот разговор со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленски посочи дека воздушната одбрана е особено важна сега, „бидејќи Русија продолжува да спроведува сè побрутални напади врз Украина“.

Додаде дека говорел и за нов механизам за набавка на американско оружје, што заеднички се спроведува со земјите – членки на НАТО.

– Придонесот на секоја земја навистина може да ги направи нашите бранители посилни, напиша украинскиот претседател.

Дополнително станало збор и за предлогот на грчкиот премиер „за закрепнување на Украина, особено за обнова на пристанишната инфраструктура на Одеса и развој на транспортни и логистички коридори во регионот на Југоисточна Европа“.

– Се согласивме дека нашите тимови ќе работат на неговата имплементација. Благодарен сум за таквата решителна поддршка за Украина и за подготвеноста да се направи уште повеќе, напиша Зеленски на Икс во однос на телефонскиот разговор со Мицотакис.

Најнови вести од Вести

To top