Турската актерка Мерјем Узерли, која на нашите простори се прослави со улогата на Хурем Султан во хит серијата „Сулејман Величествениот“ го прослави 3-иот роденден на ќерката Лили Кои, а идентитетот на нејзиниот татко умешно го крие од јавноста.
Мерјем направи тематска забава за нејзината помала ќерка, инспирирана од цртаниот филм „Маша и Медо“, а таа гордо позираше во костим како малото девојче од руската анимирана серија што им е омилена на голем број деца во светот.
Среќен роденден мое срце. Сите ние те сакаме многу – напиша актерката до фотките на кои позира заедно со нејзините родители и сестра ѝ.
Мерјем, која има 7-годишна ќерка од врската со актерот Џан Атеш, е доследна на тоа да го крие идентитетот на таткото на нејзината втора ќерка.
View this post on Instagram
Таа досега ниту еднаш не објавила негова фотографија, а минатата година нагласи дека се смета себеси за обична личност и дека заради тоа не сака нејзиниот приватен живот постојано да биде дел во медиумите.
Не се будам секое утро со помислата: Супер јас сум славна личност и мајка на две деца. Имам нормален живот.
Јас ја земам ќерка ми од училиште и сама си ги завршувам домашните обврски. И јас имам свои проблеми – изјави таа.