Најмногу воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот е наврнат во Виница 28 л/м2, потоа 27 л/м2 во Берово, 21 Куманово, 17 Крива Паланка, 13 Маврови Анови, 12 Лазарополе, 10 Демир Капија, 9 Штип, 7 Охрид, Велес, 6 Дебар, 5 Прилеп, Ѓуриште, Претор, 4 Гевгелија, 3 Скопје – Петровец, Тетово, Кавадарци, 2 Битола, Крушево, Тополчани, Попова Шапка и 1 л/м2 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и во Пожаране. Количините на врнежи, се наведува, се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 21 степен.